|
|
|
Владата на Република Македонија, реагирајќи одлучно против трговијата со луѓе и илегалната миграција, сакајќи да постигне повисоко ниво на ефикасност и заедничко дејствување во борбата против овие појави во Република Македонија, донесе Одлука за формирање на Национална комисија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција во Република Македонија. Врз основа на оваа Одлука, Владата донесе Решение за именување национален координатор и членови на Националната комисија. Согласно Одлуката, Националната комисија има задача да ја следи и анализира состојбата со трговијата со луѓе и илегалната миграција и да ги координира активностите на надлежните институции, меѓународните и невладини организации кои се вклучени во решавањето на проблемите во оваа област.
|


Преплати се на RSS Feed