|
|
|
About the commision Националната Комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција е формирана во 2001 година, со Одлука на Владата на Македонија, со цел: да ја следи и да ја анализира состојбата со трговијата со луѓе и илегалната миграција да ги координира активностите на надлежните институции да соработува со меѓународните и невладините организации кои се вклучени во решавањето на проблеми од оваа област. Националната Комисија за борба против трговија со луѓе има интерминистерски состав, односно во нејзината работа активно учествуваат претставници од следните министерства кои се релевантни за оваа проблематика: Министерство за Внатрешни Работи, Министерство за Труд и Социјална Политика, Министерство за Надворешни Работи, Министерство за Образование и Наука, Министерство за Правда, Министерство за Здравство, како и претставници од Јавното Обвинителство, Основен Суд Скопје 1 и Царинската Управа. Со Националната Комисија претседава Националниот Координатор. Во 2002 година Македонија донесе Национална Програма за борба против трговија со луѓе и илегална миграција со цел активно да се вклучи во напорите на меѓународната заедница за превенција и борба против трговијата со луѓе. |


Subscribe to RSS Feed