Banner
   

Calendar

September 2010
M T W T F S S
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3
Print E-mail

Заменик-Национален Координатор
sande_kitanov
Санде Китанов, роден 1962 во Струмица. Дипломирал на Факултетот за безбедност во Скопје во 1985, а моментално е на постдипломски студии на Правниот Факултет-насока кривично право и криминологија. Работел на различни места во полицијата од областа на спречување на недозволена трговија со дрога, гранично управување, а од 2007 е началник на единицата за борба против трговија со луѓе и криумчарење мигранти. Посетувал голем број на обуки од страна на DEA, ILEA, DCAF. Член на преговарачкиот тим за визна либерализација како и на поткомитетот за правда и безбедност. Зборува англиски и грчки јазик.

Секретар

Киро Тодоровски, роден 1984 во Скопје. Дипломирал на Правниот Факултет во Скопје на одделот за политички науки и изучува постдипломски студии по меѓународни односи и дипломатија. Работи во Министерството за внатрешни работи како државен советник на Министерот. Има посетувано повеќе обуки и семинари во Македонија и странство на тема борба против трговија со луѓе и илегална миграција. Учесник на IVL програмата на Стејт Департментот на САД за трговија со луѓе во 2008 година.


Весна Димишкова, родена 1970 во Скопје. Дипломирала и магистрирала на Правниот Факултет во Скопје. Работи како судија во Основнен Суд Скопје 1 во кривичниот оддел. Учествувала на повеќе обуки и семинари во странство од областа на кривичното право. Зборува англиски и германски јазик.


Јулија Николовска, родена 1964 во Скопје. По образование е дипломиран правник. Работи во Царинската управа од 1992 година. Од 2001 работи во Секторот за контрола и истраги, а од пред една година работи како шеф на служба за борба против економски криминал. Повеќе пати е наградувана за посебни резултати во работењето со пофалници и парични награди.


Роксанда О. Крстевска, родена 1947 во Гостивар. Завршила Правен Факултет во Скопје. Од 1974 работи како заменик општински обвинител во Куманово. Во 1983 е назначена за заменик на окружниот јавен обвинител во Скопје за кривични дела од прв степен за кои е предвидена казна затвор од најмалку 10 години и смртна казна. Како Виш јавен обвинител во скопското обвинителство работи од 1997. Од 2001 до денес работи како заменик-јавен обвинител. Член е на Националната Комисија од нејзиното формирање и учесник во изготвувањето на измените во кривичниот законик од областа на трговија со луѓе. Учествувала на повеќе семинари од оваа област и ја следи работата по предметите за ова кривично дело од 2003 година.

Славица Чоневска, родена 1972 во Копенхаген, Кралство Данска. Дипломирана на Педагошкиот Факултет во Скопје. Посетува постдипломски студии по социјална работа и социјална политика. Од 2002 работи во Министерството за здравство во секторот за хуманитарна помош и донации во здравството.


Љубица Караманди, дипломиран правник и магистер по европски студии. Била практикант во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Работела како помлад соработник во Секретаријатот за европски прашања. Од август 2006 година работи како помлад соработник во сектор за европски прашања и меѓународна соработка во Министерството за правда.


Елена Грозданова, родена во Битола, дипломирала на социјална работа на Филозофскиот Факултет во Скопје. Има работено на повеќе места од областа на социјалнатаработа, а од 1995 работи во Министерството за труд и социјална политика. Моментално е на работнот место државен советник во МТСП. Учесник е на голем број семинари и обуки од областа на социјалназаштита, трговија со луѓе и детска заштита. Зборува англиски и руски јазик.


Jованчо Аспровски, роден 1963 во с. Чифлик, Берово. Дипломирал на Факултетот за безбедност, а од 1986 работи во Министерството за внатрешни работи. Моментално работи како полициски советник за илегална миграција и прекуграничен криминал во Сектор за гранични работи. Има посетувано повеќе курсеви и обуки од областа на граничните работи во соработка со меѓународни организации како OSCE, IOM, EURO ASYLUM.

 

Latest Events

No events
Banner
http://www.nacionalnakomisija.gov.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/480395stop_human_trafficking_1_h200.png http://www.nacionalnakomisija.gov.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/396638slavery_1_h200.png http://www.nacionalnakomisija.gov.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/703996paper_around_wrists_1_h200.png http://www.nacionalnakomisija.gov.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/131289people_are_not_commodities_1_h200.png http://www.nacionalnakomisija.gov.mk/components/com_gk2_photoslide/images/thumbm/688360not_for_sale_1_h200.png

Login